Првиот производ на умот, ако сакате, првиот интелектуален труд што го создал човекот со намера да му го продаде на друг човек за некаква материјална вредност е информацијата! И откако тој производ добил пазарна вредност, започнало неговото масовно производство. Она што информацијата ја прави специфична како производ, е тоа што таа се произведува единствено, исклучиво и само во умот на човекот. Информацијата е производ на нашиот ум и на ништо друго. Медиумот е само простор за продажба. Можеби ќе звучи грубо, но јас ги разбирам медиумите како еден вид тезга на која се изложуваат тие производи, спакувани и етикетирани како различни едни од други. Умешноста на продавањето е друг занает, па и за информацијата важат сите оние трговски тајни на убедување во вредноста како и за секој друг производ наменет за консумација, според едноставните принципи на понудата и побарувачката. Во последното столетие, капитализмот и социјализмот се бореа да создадат универзален принцип на определување на вредноста на производите, со примена на државно-бирократски алатки на сила, и успеваа, во определени рокови. Во време на војна, кога роковите се симнуваат на време од една до друга граната, точната информација станува најскапиот производ на светот. Како е можно во ера на општа инфлација од информации, кога секој човек со паметен телефон е не само производител на информации туку и медиум, информацијата да достигнува толку висока пазарна вредност? Едноставно е, во мноштвото од информации, станува исклучително тешко да се пронајде и определи точната, па затоа нејзината вредност се зголемува со секоја нова информација. Можете ли само за момент да се навратите на претходните војни што САД и НАТО ги воделе во Авганистан, Либија, Ирак и во Сирија и оние војни во Иран и Украина и да споредите што сѐ можевме да видиме на телевизија и на интернет? Сме гледале директни преноси на масовни уништувања и убиства! Војни во живо! И тоа во време кога инсталацијата на опрема и создавањето функционален систем на производство и дистрибуција на информации било комплексна, масивна и скапа операција!
И ништо повеќе од тоа. Информацијата ја произведуваме ние, луѓето, и ако ја разбираме нејзината вредност во реалниот свет, тогаш ќе можеме и да се одбраниме од сето она што нѐ демне како опасност. Во принцип, сосема е јасно дека проблемот со производството на точната информација станува комплексен, затоа што општата, светската девалвација на когнитивниот ум создава и општа девалвација во производството на точни информации и во најразвиените земји на светот. Кај нас станува загрижувачка неспособноста да произведеме, да разбереме и да употребиме информација. Не можете да очекувате од луѓе што имаат мал умствен потенцијал да произведуваат точни информации. Надвор од умот е да оставите на безумни луѓе да управуваат со вас и вашите животи во свет во кој најскапиот производ е производот на умот! Драги мои, во светот на информациите, освен што станува голем проблем како да се произведат потентни информации, стагнира и способноста да се рецептира, да се прими и да се разбере таа информација. Посебно ако е точна. Точната информација секогаш е комплексен збир на, во суштина, меѓусебно неповрзани и неточни информации! Да не ве буни тоа. Онаа информација што е разбирлива и рецепторна од секого е информација со калории и брзо прегорува. Тоа се џанк-информации. Се продаваат на улица, во трафика. Затоа се евтини. Таа информација што секој може да ја произведе и да ја разбере е безвредна. Немаме голем избор. Мора итно да престанеме да консумираме информациски отпад. Тоа е пазарот на достапни информации. Тој пазар е обична депонија. Шум во системот на пренос.
Што ако на тој сојуз, утре, поучен од минатото, му се приклучи и Бугарија? И Турција, можеби? Какви се вашите информации за ова, драги мои, што сега го читате ова? Имаме ли информации за подготвеноста за функционална употреба на членовите 4 и 5 од трансатлантскиот договор? Во каков вид сојуз во моментот се САД со Британија и Шпанија? Имаме ли точна информација? Какво ќе биде идното сојузништво на Италија со Франција, Германија и Полска доколку тие три земји и официјално се инволвираат во војна со Русија? Каде утврдивме дека се произведуваат информациите? Во умот. Во ред. Тогаш, имаме ли ум што ќе произведе точни информации? И, секако, имаме ли ум што ќе ги рецептира и ќе ги рационализира тие информации на ниво на алатки и средства? Не знам. Ама знам дека точната информација никогаш не се произведува според желби и очекувања, туку според конкретни спознанија на когнитивниот ум. Информацијата е производ за на пазарот на умот и умот е тој што ја дефинира нејзината вредност. Колку вреди вашата информација, толку вреди и вашиот ум! И обратно.
Јани Бојаџи
Авторот е режисер и професор на универзитетот „Еуропа прима“
The post Информацијата е најскапиот производ на иднината appeared first on Нова Македонија.

