Сеопфатен серијал за воспитно-образовниот процес како придонес кон јавната расправа за нацртот на Националната стратегија за образование 2026-2032 со Акционен план 2026-2028 (4)
Во рамките на јавната расправа за искажување одредени согледувања, анализи и ставови во врска со нацртот на Националната стратегија за образование 2026-2032 со Акционен план 2026-2028, доставен до јавноста, „Нова Македонија“ публикува серијал на текстови-опсервации од пензионираниот образовен инспектор Ѓорѓи Илиевски, како несебичен придонес за унапредување на горенаведената програма и акционен план во врска со образованието и воспитанието. Илиевски во своите анализи се осврнува на приоритетните области/столбови на воспитно-образовниот процес: 1. Предучилишно воспитание и образование, 2. Основно образование, 3. Гимназиско и уметничко образование, 4. Стручно образование и наука, 5. Потсредно образование, 6. Образование за возрасни и 7. Високо образование, наука и иновации. Во денешното издание го објавуваме четвртото продолжение
Податоците покажуваат дека македонските ученици постигнуваат ниски резултати во тестирањето на нивните компетенции за читање со разбирање. На пример, на тестирањето во рамките на ПИРЛС (Меѓународна студија за напредокот во читачката писменост) во 2021 година учениците од крајот од четврто одделение постигнале резултат од 442 поени, што е значително под референтната точка од 500 поени, што е земена за просечен резултат. Овој резултат е значително понизок од средината на скалата ПИРЛС, но повисок од најниското меѓународно ниво на постигнување од 400 поени, а останува под средното меѓународно ниво од 475 поени… Тоа значи дека кај учениците во просек, кога веќе на крајот на четврто одделение треба да имаат научено да читаат и да го користат читањето како алатка за учење, се забележува дека имаат тешкотии при подлабоко разбирање и примена на прочитаното. Понатаму, ова го отежнува нивното учење со разбирање на сложени концепти во наставните предмети, особено во математиката и природните науки.
Големиот процент на отсуствувања од редовна настава и нивното статистички значајно влијание на постигањата на учениците се потврдија и во државното тестирање реализирано во 2022 г. во трето одделение и во 2024 година во петто одделение, по математика и мајчин јазик – македонски јазик и албански јазик. Сознанијата од државното тестирање реализирано во трето одделение во 2022 година по предметот Математика покажа дека само две третини од учениците го имаат достигнато основното ниво, а по мајчин јазик (Македонски јазик и Албански јазик) три четвртини од учениците.
Две третини од училиштата го идентификуваат токму недостигот од соодветна обука како најголем предизвик. Додипломските програми не обезбедуваат ни основна сензибилизација (анализата и препораките за спроведување на Европската гаранција за детето во Република Македонија).
Автор: Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија
продолжува
The post Што покажуваат меѓународните истражувачки студии во тестирањата appeared first on Нова Македонија.
Што покажуваат меѓународните истражувачки студии во тестирањата

