КОЛУМНИ

Физичкото и емоционалното насилство врз жените – тивка траума со долгорочни последици

Кампања на „Нова Македонија“: „И најмалиот гест против насилството значи спасен живот. Реагирај денес – спаси живот утре!“
Физичкото и емоционалното насилство врз жените не е приватен проблем, туку прашање на општествена одговорност. Секој случај е потсетник дека се потребни поголема заштита, поддршка за жртвите и поодлучна реакција од институциите
Физичкото и емоционалното насилство врз жените останува сериозен општествен проблем, кој секојдневно остава последици врз нивната безбедност, здравје и достоинство. Иако институциите сè почесто реагираат на пријавите, многу случаи и натаму остануваат скриени зад затворените врати на домовите.
Препознавањето е првиот чекор
Првиот чекор за справување со насилството е неговото препознавање. Прифаќањето дека некоја траума навистина се случила може да биде многу тешко, но токму тоа е почетокот на процесот на заздравување.
Зошто жртвите молчат
Многу жени не го пријавуваат насилството поради страв од осуда, стигматизација или недоверба во институциите. Некои молчат поради закани и уцени од насилникот, а други поради чувство на срам или вина.
Поддршката е клучна за закрепнување
Процесот на закрепнување од насилство е долг и сложен и бара поддршка од семејството, заедницата и институциите. Професионалното советување, психолошката терапија, заштитните куќи, правната помош и социјалната поддршка се важни ресурси за жртвите.
Авторката е психолог
Марија Миркуловска
The post Физичкото и емоционалното насилство врз жените – тивка траума со долгорочни последици appeared first on Нова Македонија.

Физичкото и емоционалното насилство врз жените – тивка траума со долгорочни последици


Физичкото и емоционалното насилство  врз жените – тивка траума со долгорочни последици

ПОВРЗАНО

Што покажуваат меѓународните истражувачки студии во тестирањата

STREAMER.MK

Што покажуваат анализите за состојбата на предучилишното воспитание и образование

STREAMER.MK

Што покажува истражувањето за подготвеноста за реформи во гимназиското образование

STREAMER.MK

Leave a Comment