КОЛУМНИ

Послушајте, патриоти

Од империјалистичка пропаганда до судски процеси – како германската династија Саксен-Кобург-Гота остави црн печат врз Македонците
„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари… Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух – не беше признаен… Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име – да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?…“
Долго време и самиот живеев со едно уверување што, како што се покажува, го делат многу Македонци. Секогаш мислев дека песната „Послушајте, патриоти“ е напишана како повик против османлиското владеење и дека нејзиниот автор, охриѓанецот Александар Караѓуле, ја платил со живот токму од рацете на турската власт. Така нè учеле, така сме ја разбирале песната и така таа со години се прераскажувала во нашата колективна меморија. Но не е точно! Ова е една многу голема заблуда за нас Македонците!!!
АЛЕКСАНДАР КАРАЃУЛЕ – КОГА НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ МУ СЕ СУДЕШЕ ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД 130 ГОДИНИ
За да се разбере процесот против Александар Караѓуле, најнапред мора да се знае кој бил тој и зошто воопшто станал цел на бугарската власт од крајот на XIX век. За овие настани постојат и два директни извори од самото време: брошурата „Едно сведоштво за Ст. Стамболов“ (Софија, 1897) на неговата сопруга Клио Караѓулева и политичкиот памфлет „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“ (1894) од Петар Поп Арсов, напишан по барање на Централниот комитет на Македонската револуционерна организација. Токму преку овие извори може да се реконструира политичката атмосфера во која се одвивал случајот.
МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК – ПОЕТИ ПРЕД СУДОТ НА ЦАР БОРИС III
Но приказната не завршува со Караѓуле. Неговото судење и погубување од крајот на XIX век се само првиот јасно документиран случај во кој бугарската државна власт ја користи судницата како инструмент за пресметка со луѓе поврзани со македонското прашање. Поминуваат неколку децении, се менуваат политичките режими, се менуваат генерации, но логиката на државната политика кон македонската културна и национална мисла останува речиси иста.
ОМО „ИЛИНДЕН“ – ТРЕТАТА СУДСКА ЕПОХА
Но приказната за судењата на македонското име не завршува ниту со Вапцаров, ниту со генерацијата на Македонскиот литературен кружок.
ПОСЛУШАЈТЕ, ПАТРИОТИ
Ова не е само поетски повик од минатото. Ова е историска опомена. Премногу долго Македонците зборувале, објаснувале и се оправдувале пред туѓите судови и туѓите политики. Премногу долго нашето прашање се решавало без нас.
Тони Менкиноски
The post Послушајте, патриоти appeared first on Нова Македонија.

Послушајте, патриоти


Послушајте, патриоти

ПОВРЗАНО

Што покажуваат меѓународните истражувачки студии во тестирањата

STREAMER.MK

Што покажуваат анализите за состојбата на предучилишното воспитание и образование

STREAMER.MK

Што покажува истражувањето за подготвеноста за реформи во гимназиското образование

STREAMER.MK

Leave a Comment