КОЛУМНИ

Ова го сретнав во учебник што (убеден сум) е библиографија за нашите

Франк Џ. Фрост (политичар, романописец историчар) за потребите на вонбилансната македонска евиденција, преземено од испечатените предавања на професорот, или како да се произведе минато, како да се обликува прикаска, како да се посади мит.
„Некогаш многу одамна, пред сѐ, си живееше…“
Според INTERPRETATIO GRAECA, ова се нарекува МИКЕНСКИ ПРОЛОГ
Пред 2000 година пр. н.е., номади, бегалци, беспризорници, разни племиња и други за кои не знаеме ништо континуирано доаѓаа на „јужниот дел од Балканскиот Полуостров“ (тогаш сигурно не постои таков, но да претпоставиме дека прикаската има намера да го приближи минатото до денешните географски карти, иако понатаму ќе видиме дека не треба да се тешиме со такви објасненија!). И тие се прифатени веднаш од една развиена цивилизација за која никако не можеме да знаеме ништо (оваа заграда само покажува како се фокусира вниманието кон пропагандата на прикаската)! Следува реченицата: Погрешно би било овие дојденци да се сметаат за натрапници – освојувачи, затоа што не знаеме ништо за нивниот јазик и култура (дали навистина не знаеме!?). Затоа подобро е да кажеме дека во следните 400 години се мешале и зближиле до стабилност со староседелците и заедно создале јазик и култура што еден ден ќе биде грчка!? И така, на почетокот на 16 век пр. н.е. („ние знаеме дека“) можеме да разбереме, за првпат се создава една величествена цивилизација, која слободно можеме да речеме дека е грчка, иако Хомер ја нарекува ахајска. Но, според современата номенклатура, ние се договоривме да биде нарекувана микенска. Потоа претпоставивме дека по 100 години тие го освоиле Крит, еден негрчки остров со негрчка култура и јазик, иако мора да се признае дека таа цивилизација била елегантна и богата. Потоа го срамниле со земја главниот град Кнос, а потоа повторно го изградиле и владееле следните 400 години и се прошириле исток-запад. Одовде натаму во прикаската умреа Ахајците, но тоа сѐ уште се крие! Внимание, интересно е дека тука улогата на Микенците завршува. Причината е Тројанската војна, која оваа величествена цивилизација не можела да ја надрасне оти многу се исцрпела од војувањето!? Микенците завршуваат како 100 години урнатини! Но нивната улога е веќе историски закоскена како најрана цивилизација на Европа, производ на цивилизираните први Грци, кои се истоштиле ширејќи цивилизација… Но има надеж за Грците… цивилизираните Грци пропаднале, но, чудно, останале живи „многу попримитивните Грци“, кои ги презеле полињата, а палатите ги запоставиле. Овие Грци ќе се сетат на палатите по 300 години, како што нѐ уверува сценаристот на овој Холивуд.
Пример: Ктесиос од Книд, лекарот. Крај на 5 век пр.н.е.
Ктесиос бил многу добар лекар, Грк се разбира, ама немал среќа да стане славен затоа што 415 години пр.н.е. го заробиле Персијците. Роб, ама Грк, многу ербап. Иако го однеле во внатрешноста на Персија, тој, како Јоњанин бил итар, како вистински Грк можел да опстане без да падне духовно како други и многу амбициозен, иако обичен роб, ама Грк горд. И го поставиле за личен лекар на царот Артаксеркс, иако не знаеме ништо како тој воопшто се справил со гнасотијата на царските персиски интриги. Арно ама брат му на Артаксеркс, Кир, сакал да му го земе тронот и за таа цел повикал 10.000 грчки платеници што носеле сѐ пред себе ама биле измамени од Персијците бидејќи нивните грчки генерали ги предале и останале сами во длабината на копното далеку од нивната татковина. Гнасни Персијци. Во меѓувреме Кир бил глупо убиен, а Артаксеркс го задржал тронот. Што се случувало со нашиот јунак, Гркот Ктесиос? Тој бил насекаде. Ем му помагал на Артаксеркс да залечи некоја рана, а на жена му и децата околу психичките стресови, ем се грижел грчките генерали да бидат соодветно хранети. Така трчајќи натаму-наваму му паднало на памет дека полесно ќе стане славен ако почне да пишува историја отколку ако продолжи да биде лекар! Оти да пишуваш во грчкото општество се плаќало далеку повеќе од да си лекар! Сега требало да види како да избега од положбата кралски лекар кај Артаксеркс и да оди во Атина оти таму му е мајката за писателите!? И ете ти чудо. Некој кипарски гласник носи абер до Артаксеркс дека на Кипар има човек, демократ од Атина, што му нуди помош за борба против Спарта. Ктесиос ја пресретнува пораката и лично му ја соопштува на Артаксеркс, а овој веднаш го праќа на Кипар… И така славниот лекар Ктесиос пребегнува во Атина и станува славен историчар… За жал, од долго лекарствување и дружење со Персијците, Ктесиос станал толку расипан што заборавил што е вистина и чесност. Башка го напаѓал Херодот – „таткото на историјата“!
The post Ова го сретнав во учебник што (убеден сум) е библиографија за нашите appeared first on Нова Македонија.

Ова го сретнав во учебник што (убеден сум) е библиографија за нашите


Ова го сретнав во учебник што (убеден сум)  е библиографија за нашите

ПОВРЗАНО

Што покажуваат меѓународните истражувачки студии во тестирањата

STREAMER.MK

Што покажуваат анализите за состојбата на предучилишното воспитание и образование

STREAMER.MK

Што покажува истражувањето за подготвеноста за реформи во гимназиското образование

STREAMER.MK

Leave a Comment