КОЛУМНИ

Како чувствувањето срам се претвори во срамота

Срамот порано беше доказ дека човекот има душа. Не морална слабост, туку знак дека сè уште постои внатрешен живот во него – простор во кој тој разликува што е од она што би сакал да биде. Срамот беше границата што нè правеше луѓе. Денес, меѓутоа, стана срамно да се чувствува срам. Во време на општа бесрамност, оној што се чувствува засрамено покажува дека сè уште има што да изгуби – а тоа е најтешкиот грев во ова општество.
Како се гледаме себеси
Мелани Клајн нагласи дека срамот се однесува на односот кон сопствената слика, а не кон некој предмет, кон друг. Во таа смисла, срамот секогаш е нарцистички: тој зборува за тоа како се гледаме себеси и како веруваме дека другите нè гледаат. Многу често како проектираме дека другите нè гледаат, како мислиме дека им изгледаме на другите, што исто така честопати нема никаква врска со другите.
Враќа во реалноста, лекува од површноста
Терапевтската култура дополнително го комплицира прашањето: го прогласува срамот како „токсично“ чувство од кое мора веднаш да се ослободите. Се заборава дека без срам нема компас. Срамот не е пречка, туку граница што нè штити од грандиозното надувување на себеси. Нè враќа во реалноста.
Рената Сениќ
The post Како чувствувањето срам се претвори во срамота appeared first on Нова Македонија.

Како чувствувањето срам се претвори во срамота


Како чувствувањето срам се претвори во срамота

ПОВРЗАНО

Што покажуваат меѓународните истражувачки студии во тестирањата

STREAMER.MK

Што покажуваат анализите за состојбата на предучилишното воспитание и образование

STREAMER.MK

Што покажува истражувањето за подготвеноста за реформи во гимназиското образование

STREAMER.MK

Leave a Comment