КОЛУМНИ

Како да се снајдете во свет преплавен со вести

Не е лесно да се живее со неверојатно количество информации без да се стане параноичен. Ако намерно ги бараме и ги проверуваме од повеќе извори, тоа може да го олесни животот
Денес се соочуваме со неверојатно количество информации што доаѓаат од различни извори. Како да се справиме со овие предизвици и да водиме живот што не наликува на параноја? Честопати, кога се поставуваат вакви прашања, се јавуваат отпор и страв. Низ историјата, луѓето се плашеле од иновациите: парната машина во 18 век, електричната енергија во 19 век, компјутерите и интернетот во 20 век, а сега се плашиме од вештачката интелигенција и биотехнологијата. Индустриските револуции носат промени што влијаат на економијата, начинот на живот и општествените односи.
Страв од промени
Стравот од промени е природен. Се плашиме затоа што сме здрави. Мозокот е орган на одбрана и преживување и има тенденција да им дава негативни значења на вестите, со што нè подготвува за можна борба. Индустриските револуции најчесто донесоа напредок, барем така вели науката досега, иако беа придружени со сомневање и негодување. Стравот често е придружен со конфузија, што создава простор за манипулација, објаснува Драгана Глишиќ, психотерапевтка.
Рамнотежа помеѓу реалниот и дигиталниот свет
Нашиот соговорник исто така нè потсетува дека информациите можат да ни го збогатат животот, но важно е да ги користиме свесно и одговорно.
Поставете правила и граници
– Поставете граници. Одредете време кога нема да го користите телефонот, како на пример за време на оброци или кога сте со семејството и пријателите.
Мариота Влаисављевиќ
(Политика.рс)
The post Како да се снајдете во свет преплавен со вести appeared first on Нова Македонија.

Како да се снајдете во свет преплавен со вести


Како да се снајдете во свет преплавен со вести

ПОВРЗАНО

Што покажуваат меѓународните истражувачки студии во тестирањата

STREAMER.MK

Што покажуваат анализите за состојбата на предучилишното воспитание и образование

STREAMER.MK

Што покажува истражувањето за подготвеноста за реформи во гимназиското образование

STREAMER.MK

Leave a Comment