ПРИЛЕП

❗(ВИДЕО)Половина од реколтата откупена – за новата се бараат законски измени ❗

Актуелната реколта ориентален ароматичен тутун половината од е веќе откупена. Заклучно со 15 ти декември – последниот законски рок за старт на откупот, од кооперантите преземени се 11 370 000 кгр тутун, што според претставниците на тутунопроизводителите – Сојузот на тутунски здруженија е блиску до половина од предвидените 24 000 0000 кгр. Предвремениот откуп започна на 18 ти ноември и годинава се реализира на рекорден број ваги 337 од десетте откупувачи. Компаниите со намера за пократок рок да преземат квалитетен тутун работат и во сабота, а некои и во недела. Тутунарите ги искористија поволните временски прилики и го предаваат сработеното кое периодов се носи како најквалитетниот ферментиран производ.
Целото производство се цени во прва класа по изедначена цена од 420 денари за килограм, единствено за што откупувачите направија отстапки во текот на откупот. Одбитоците од почетокот варираат од 3 до 0 отсто.
И годинава актуелно е прашањето за дополнителни законски измени: покрај забраната за увоз за време на откуп, државата ќе мора да направи ред и да ги изедначи тутунарите со откупувачите при договарање на цените пред почетокот на реколтата. Барањето е на Сојузот на тутунски здруженија и тутунарите ќе мора поорганизирано и поупорно да настапат во настојувањата да бидат рамноправен партнер со откупувачите.

❗(ВИДЕО)Половина од реколтата откупена – за новата се бараат законски измени ❗


❗(ВИДЕО)Половина од реколтата откупена – за новата се бараат законски измени ❗

ПОВРЗАНО

🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗

STREAMER.MK

🚗АВТО КОНТРОЛ во нова зимска акција со погодности за возачите🚙

STREAMER.MK

📢Денови на реотворање на продавницата НЕПТУН Прилеп – 🎁големи попусти, двојно поени и многу подароци

STREAMER.MK