ПРИЛЕП

🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗

blank

Билетите за големото дерби во Битола на Еурофарм Пелистер: Вардар 1961 кое се игра вечерва од 18 часот, среда, 10 ти декември во салата „Боро Чурлевски“ се целосно распродадени за само петнаесетина минути по пуштањето во продажба.
Тоа ќе биде вториот дерби дуел од Суперлигата помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 и е  најголемото македонско ракометно дерби сезонава.
Доколку немате билет за следење на овој натпревар, тогаш имате шанса да го проследите дуелот:
РК ПРИЛЕП : РК АЛКАЛОИД.
Натпреварот започнува од  19:30 во салата на СОУ ,,Ристе Ристески Ричко” Прилеп.
РК Алкалоид предводен од селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров се наоѓа на четвртата позиција на табелата од Супер лигата, а РК Прилеп е на осмата позиција.
Доколку не сте во можност да присуствувате ова е линкот за следење на натпреварот во живо на официјалниот Јутјуб канал на Ракометна федерација на Македонија

🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗


🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗

ПОВРЗАНО

🚗АВТО КОНТРОЛ во нова зимска акција со погодности за возачите🚙

STREAMER.MK

📢Денови на реотворање на продавницата НЕПТУН Прилеп – 🎁големи попусти, двојно поени и многу подароци

STREAMER.MK

💜Хуманитарен концерт „Заедно за нов живот“ 💜 за поддршка на предвремено родените деца

STREAMER.MK