БАЛКАН

Таткото на Ана: „Ни покажавте дека не сме сами – борбата штотуку почнува“

Таткото на осумгодишната Ана упати јавна благодарност до сите граѓани, пријатели, роднини, колеги и институции кои дадоа поддршка во хуманитарната акција за лекување на неговата ќерка, откако кампањата официјално беше затворена со собрани 3,1 милиони денари за само шест часа.Во обраќањето, тој и неговата сопруга Ивана Карановска Јованчев изразуваат бескрајна благодарност до блиските и подалечните роднини, другари, наставнички, инфлуенсери, медиуми.Посебна благодарност упатуваат до кошаркарскиот клуб „Вардар“ и Бране Андриевски за иницијативата, до доктор Ивана Клишеска Илчевска, како и до доктор Ненад Лазаров и фондацијата „И-Крауд“, преку која средствата беа собрани за рекордно кратко време. Семејството им се заблагодари и на Паскалов и тимот педијатри, како и на доктор Ана Тримоска-Радевска, за стручните и навремени реакции.„Со ова ни испративте порака дека не сме сами и дека во оваа борба имаме неверојатна поддршка. Ние сме на самиот почеток и пред нас претстои долг и непредвидлив пат. Веруваме и се молиме Ана да издржи и да победи“, се наведува во пораката на родителите.Претходно, доктор Ненад Лазаров објави дека кампањата за лекување на Ана е успешно завршена, со целосно обезбедени средства за хируршката интервенција и третманот во странство. Девојчето има дијагностициран редок и агресивен тумор на синусите со зафатена орбита, а дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за сложената операција.Масовниот одѕив на јавноста за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете, а поддршката за Ана и нејзиното семејство, како што најавуваат блиските, ќе продолжи и во наредниот период.

https://skopje1.mk/tatkoto-na-ana-ni-pokazavte-deka-ne-sme-sami-borbata-stotuku-pocnuva

ПОВРЗАНО

📽️ 📷 СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГИ ЗАФАТИ ИТАЛИЈА И СЛОВЕНИЈА Бурата ги блокираше патиштата, се бараат исчезнати

STREAMER.MK

📽️ 📷 НОВОТО ВИДЕО НА МИРЈАНА ПАЈКОВИЌ Е ВО ВЛАДИНИОТ КАБИНЕТ? Скандал ја тресе Црна Гора, погледнете го провокативниот танц на поранешната …

STREAMER.MK

📽️ ХАОС НА ПЛОШТАДОТ „БАН ЈЕЛАЧИЌ“ Маскирани момчиња удирале со палки и нозе, граѓаните во паника

STREAMER.MK