ПРИЛЕП

Прилеп: Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола

Во Градската библиотека Борка Талески денеска се одржа Јавна расправа иницирана од Министерството за животна средина  и просторно планирање, на која беше презентирана изготвената Студија за оцена на влијание врз животната средина за  Проектот:  “Изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола“.
На јавната расправа учествуваа граѓани, невладини организации и граѓански еко активисти од Спас за Прилеп, како и жители на селото Оревоец кои ги пренесоа дел од забелешките по однос на влијанието на животната средина од проектот.
Студијата за влијанието врз животната средина од „Изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола“ , по барање на инвеститорот во проектот – Јавното претпријатие за државни патиша е изготвена од Градежниот институт Македонија и била доставена до општините Битола, Прилеп, Могила и Новаци.
Јавна расправа на истата тема ќе се одржи на  12 март 2026 година (четврток), во салата на Советот на општина Битола со почеток во 12.00 часот.
Ваквата јавна расправа е законска обврска на Министерството за животна средина и просторно планирање во засегнатите подрачја каде се спроведува проектот по добивањето на решение за почеток на проектот – изградба на автопатско решение на Прилеп- Битола за изготвување на студија како проектот влијае на животната средина.
По завршувањето на презентацијата јавната расправа денеска граѓаните своите забелешки ги доставија до претставниците од Министерството за животна средина и до Градежниот институт Македонија, а можат и дополнително да достават коментари и забелешки на следниот меил: infoeko@moepp.gov.mk.
Студијата за влијанието врз животната средина за изградба на Коридор 10 д, делница на Автопат: Прилеп – Битола е достапна на следниот линк

Прилеп: Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола


Прилеп: Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за изградба на Коридор 10 Д , делница на Автопат: Прилеп – Битола

ПОВРЗАНО

🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗

STREAMER.MK

🚗АВТО КОНТРОЛ во нова зимска акција со погодности за возачите🚙

STREAMER.MK

📢Денови на реотворање на продавницата НЕПТУН Прилеп – 🎁големи попусти, двојно поени и многу подароци

STREAMER.MK