ПРИЛЕП

Прилеп подготвува нешто што досега не сте го искусиле – Оваа вечер нема да биде како сите други

Во светот на гастрономијата, Wine & Dine не е само вечера – тоа е доживување. Тоа е уметност на спојување вкусови, мириси и приказни, каде што секое вино има своја улога, а секое јадење – своја емоција. Тоа е момент кога храната и виното зборуваат ист јазик, а гостите стануваат дел од една внимателно креирана гастрономска приказна.
Токму такво искуство, за првпат во Прилеп, овој четврток, 05.03.2026 година, ќе го понуди Ресторан Порта, преку специјалниот настан Wine & Dine Academy – WINE & DINE EXPERIENCE.
document.createElement(‘video’);


Вечерта ќе биде посветена на едукација, уживање и врвна услуга. Гостите ќе имаат можност да добијат стручно и разбирливо објаснување за секое вино од искусни сомелиери, додека LIVE настанувањето на секое јадење ќе го следат од рацете на шеф Филип Чаловски, кој ќе ги претстави техниките, идејата и хармонијата зад секој тањир.
Посебен акцент на вечерта ќе бидат вината од реномираната винарија Монтеко од Кратово, винарија со традиција уште од 1956 година. „Монтеко“ е приказна за почит кон наследството, но и храбар чекор кон модерното – место каде љубовта, мајсторството и најновите технологии се спојуваат во чаша вино.

View this post on Instagram

Белите вина на „Монтеко“ пленат со својата свежина и ароматична комплексност – цитрусни ноти, егзотично овошје, зачински билки и суптилна ванила. Црвените куве вина се одликуваат со интензивна рубинска боја и елегантен вкус на ситнозрнесто овошје, зачини и билки, надополнети со дискретен чад и ванила. Наскоро, винаријата ја збогатува својата понуда и со „Мерло“, „Вранец“, „Каберне совињон“, како и барикно вино – вистинска ризница за љубителите на виното.
На Wine & Dine Academy ќе бидат застапени вината Темјаника, Мерло и Шардоне, внимателно споени со богато мени кое вклучува ладно и топло предјадење, главно јадење со риба и месо, и завршен сладок десерт – секој чекор осмислен да го надополни следниот.
Цена по лице: 1.990 денари
Резервации: 078 368 111
Места: ограничен број

Ова не е само вечера. Ова е уникатна можност, единствена во Прилеп, да бидете дел од вистинско Wine & Dine доживување кое се памети.
Резервирајте навреме и дозволете си вечер каде вкусот, знаењето и уживањето се спојуваат во совршена хармонија!

Прилеп подготвува нешто што досега не сте го искусиле – Оваа вечер нема да биде како сите други


Прилеп подготвува нешто што досега не сте го искусиле – Оваа вечер нема да биде како сите други

ПОВРЗАНО

🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗

STREAMER.MK

🚗АВТО КОНТРОЛ во нова зимска акција со погодности за возачите🚙

STREAMER.MK

📢Денови на реотворање на продавницата НЕПТУН Прилеп – 🎁големи попусти, двојно поени и многу подароци

STREAMER.MK