ПРИЛЕП

Преку дијалогот со граѓаните до доверба за подобра иднина на Прилеп

Во просториите на Општината доцна попладнево се одржа редовниот “Приемен ден на градоначалникот“, на кој граѓаните имаа можност директно да ги изложат своите проблеми, предлози и идеи. Десетици жители од различни делови на градот дојдоа за да разговараат за прашања поврзани со инфраструктурата, комуналните услуги, урбанистичките планови и социјалната поддршка.
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски потенцира дека оваа средбата е закажана во попладневните часови за да се почитува работнот време на граѓаните и посочи дека ваквите средби се од особено значење за подобрување на комуникацијата меѓу локалната власт и граѓаните.  “Средбите лице в лице се најдиректниот и најискрен начин да се слушне гласот на граѓаните и да се најдат вистинските решенија за нашиот Прилеп. Затоа непосредната комуникација со граѓаните останува еден од најважните делови од мојата работа. Нашата цел е да ги слушнеме потребите на секој жител и да најдеме практични решенија.  Само преку директен дијалог можеме да изградиме доверба и да обезбедиме поефикасно управување. Дијалогот, довербата и заедничката работа се клучни за подобра иднина на Прилеп,“ објави тој.

Граѓаните кои присуствувале на приемниот ден изразиле задоволство од можноста лично да разговараат со градоначалникот и да добијат конкретни одговори. Некои од нив побарале подобрување на уличното осветлување, некој уредување на нивната улица, други укажале на потребата од нови зелени површини, а имало и неколку граѓански предлози за поквалитетно живеење во Општина Прилеп.
Општината најави дека ваквите приемни денови ќе продолжат да се организираат редовно, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Преку дијалогот со граѓаните до доверба за подобра иднина на Прилеп


Преку дијалогот со граѓаните до доверба за подобра иднина на Прилеп

ПОВРЗАНО

🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗

STREAMER.MK

🚗АВТО КОНТРОЛ во нова зимска акција со погодности за возачите🚙

STREAMER.MK

📢Денови на реотворање на продавницата НЕПТУН Прилеп – 🎁големи попусти, двојно поени и многу подароци

STREAMER.MK