Општина Прилеп го доби првото, специјалнизирано комунални возила за собирање и транспорт на отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Регионлната програма за управување со цврст опад (РСУО)
Возилото е со капацитет од 8 кубни метри и е едно од 9 те специјалнизиран камиони за собирање и транспорт на отпад што треба да ги добие општината како дел од регионалниот проект за управување со цврст отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.
Во наредниот периот во рамкие на оваа програма за Општина Прилеп, етапно, ќе бидат испорачани уште 8 специјалнизирани комунални возила за собирање и транспорт на отпад, со различна големина.
“Со новата комунална опрема за справување со цврстиот отпад, правиме конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот, намалено загадување и значително подобрување на јавната хигиена, со долгорочни придобивки за здравјето и квалитетот на живот на граѓаните и поефикасно користење на ресурсите за добивање поквалитетни комунални услуги.“ истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски на приемот на возилото.
Прилеп веќе се испорачаат 8360 канти за селекција на отпад и 126 контејнери за собирање на мешан отпад и собиањена отпад кој може да се рецеклира.
Новата комунална опрема е обезбедена за 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион и е со вредност од 11 милиони евра како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој се спроведува со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за практична имплементација на функционален Регионален систем за управување со отпад.

