Започна реконструкцијата на тротоарите на улицата улица Кеј 1-ви Мај“, а општина Прилеп ги вклучува и граѓаните да земат активно учество во реализацијата на проектот со носењето на предлози, решенија и одлуки според нивните потребите и видувања за поквалитетна реализиција на овој инфраструктурен зафат.
Веќе на официјална веб страна од општината е достапен т.н „Образец за поплаки за проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“
Образецот за поплаки на веб-страницата на Општина Прилеп можете да го преземете ТУКА
Образец за поплаки за целиот период од спроведување на проектот ќе остане објавен на официјалната веб страна на Општина Прилеп сѐ до завршувањето и затворањето на проектот. А, сандачиња за жалби и поплаки се ставени и во приемно одделение ЕЛС Општина Прилеп
Со започнување на градежните работи општината се обврзува да ја информира јавноста, односно локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот.
Целта на проектот е подобрување на локалната инфраструктура и создавање побезбедн простор за пешаците. Проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“, се спроведува како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија„ кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт, со финансиска поддршка од Светска банка.
Образецот за поплаки, посетете ја веб-страницата на Општина Прилеп можете да го преземете ТУКА
Граѓаните можат да поднесуваат жалби и поплаки за Реконструкција на тротоари на улица „Кеј 1-ви Мај“

