ПРИЛЕП

Внимателно: На стариот пат од Прилеп до Битола

На стариот пат Прилеп – Битола,  и единсвениот пат што ги поврзува овие два града поради изградбата на новиот регионален пат,  може да се сретнат и вакви возила (фотографијата е од поратлот Апла, на кои реагираа многу граѓани, плашејќи се за безбедноста) .
За видот на возилот не зборуваме, но за опасноста при вакви и слични превозни средства на овој пат и за важноста и грижата за безедноста на учесници во сообраќајот,  кои треба да бидат крајно внимателно кога се движат на овој пат, треба да се говри јавно и да се  апелира до надлежните, на терен да делуваат, согласно правилата и законските сообраќајни прописи, за заштита на сите учесници во сообраќајот.
„Дали на ваквите т.н возила кои се дел од овој пат треба да реагира сообраќјаната полиција ?„- се прашуваат граѓаните
Поради пролетните посеви и земјоделски активности, овој пат почнуваат да го користат и земјоделците, кои најчесто својата механизација ја возат не облежени, некогаш и без потребната сигнализција, што преставува нова опасност на  пат кој го поврзува Прилеп – Битола и Битола со Прилеп. А, дневно,  по стариот пат за Битола, возат илијанци возила, затоа што немаат друг пат за транзитирање до  овие дестинации во Пелагонискиот регион.
Американско – турскиот конзорциум Бехтел- Енка и државата во март 2023 склучија договор за изградба на на четири автопатски делници меѓу кои и  Прилеп-Битол (Тетово-Гостивар, Гостивар-укојчани, Требеништа-Ќафасан) и тогаш беше најавено дека автопатот Прилеп-Битола, делница од Коридорот 10Д,  ќе се гради 57 месеци.
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски минатата година најави дека првите 11 километри од автопатот Прилеп – Битола треба да  бидат готови до крајот на 2026  година. А, неодмана од Прилеп тој посочи  дека со автопатско решение ќе биде поврзана и делницата од Фариш до Прилеп.

Внимателно: На стариот пат од Прилеп до Битола


Внимателно: На стариот пат од Прилеп до Битола

ПОВРЗАНО

🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗

STREAMER.MK

🚗АВТО КОНТРОЛ во нова зимска акција со погодности за возачите🚙

STREAMER.MK

📢Денови на реотворање на продавницата НЕПТУН Прилеп – 🎁големи попусти, двојно поени и многу подароци

STREAMER.MK