Маж на возраст од 25 години е осомничен дека 12. февруари ја убил М.С. (78) од селото Челопек, Општина Старо Нагоричане.
Станува збор за лицето Т.Б. од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Тој е уапсен вчера во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, и е задржан во полициска станица.
Жената прво физички ја нападнал во нејзиниот дом, а потоа ја задушил со перница, по што таа починала на местото.
Се сомничи и дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на Општина Старо Нагоричане.
По целосно документирање на случајот, за него биде поднесена соодветна пријава.
25-годишник од кумановско осомничен дека убил 78-годишна жена

