ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа, започна со
активности за санирање на обиколниот пристапен пат до Новите градски гробишта.
[https://zurnal.mk/wp-content/uploads/2026/02/1000065067-576×1024.jpg]
Во рамки на интервенцијата се врши ризлање и тампонирање на дел од патот кој
често се оштетува поради поројни дождови и атмосферски влијанија. Целта е
подобрување на пристапот и спречување на поголеми оштетувања кои го отежнуваат
движењето на граѓаните и возилата.
[https://zurnal.mk/wp-content/uploads/2026/02/1000065068-576×1024.jpg]
Од јавното претпријатие информираат дека и во иднина ќе се врши редовно
одржување и санирање на оваа делница, со цел патот да остане прооден и безбеден.
[https://zurnal.mk/wp-content/uploads/2026/02/1000065065-576×1024.jpg]
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп го санира пристапниот пат до новите градски гробишта во Прилеп

