Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби првиот меч сезонава на земјена подлога. Таа во понеделникот во првото коло на ВТА 125 турнирот Дубровник опен во Хрватска загуби од Лејре Ромеро Гормаз од Шпанија со 2:0 во сетови (63 63). Мечот траеше 75 минути.
Ѓорческа мечот го почна со брејк и водство од 1:0 во гемови, но противничката потоа направи серија од четири гема за водство до 4:1 и сетот го заврши со 6:3 во гемови.
Во вториот сет противничката поведе со 4:0, а Ѓорческа успеа да намали на 4:3 во гемови, но не успеа да направи и целосен пресврт во сетот.
Следна противничка на шпанската тенисерка во осминафиналето на турнирот ќе биде шестата носителка Сузан Ламенс од Холандија која на стартот со 6:3 и 7:6 (4) ја елиминираше Јасмин Кабај од Мароко.
За учеството на ВТА 125 турнирот Ѓорческа освои еден поен.
The post Ѓорческа поразена на стартот на Дубровник опен appeared first on Слободен печат.

