Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната
исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани. Средствата
се распределени на 18 лица, поделени во две категории, во вкупен износ од
11.200.000 денари.
Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани

