Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на Минхенската
безбедносна конференција изјави дека завршувањето на војната помеѓу Русија и
Украина е „нереално“ без американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој на панелот „Во фокус – безбедносните гаранции за Украина“ посочи дека во Абу
Даби се одржаа три рунди разговори во трилатерален формат – Украина, САД и
Русија.
> „Напредуваме и благодарни сме на нашите американски пријатели, бидејќи без
> Трамп е нереално да се стави крај на оваа војна. Под американско водство,
> можеме да постигнеме напредок, но во исто време мора да продолжиме да вршиме
> притисок врз Русија“,
>
> рече Сибиха.
Шефот на украинската дипломатија ссмета дека Русија не покажува подготвеност за
сериозни преговори.
> „Наместо тоа, украинската страна има остварливи предлози. Она што сега го
> имаме е дека Американците се вклучени во процесот, што е одлично. Под личното
> водство на Трамп, имаме шанса да ги забрзаме мировните напори. Украина е
> подготвена со своите изводливи предлози. Секако, нема мировни договори на
> сметка на нашиот територијален интегритет и суверенитет“,
>
> кажа Сибиха.
Тој, исто така, изрази надеж дека следната рунда разговори ќе се фокусира на
акција, а не на реторика.
Украинскиот министер за надворешни работи: Нереално е да се очекува мир без Трамп

