Полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане лишиле од слобода 25-годишен маж од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на 78-годишна жена, соопшти .
Како што информира МВР, на 13 февруари 2026 година во 19:30 часот во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, бил лишен од слобода Т.Б.(25) од селото Малотино, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Според информациите, тој се сомничи дека на 12 февруари 2026 година во домот на М.С.(78) од селото Челопек, физички ја нападнал и ја задушил со перница, при што таа починала на местото.
„Тој се сомничи дека на 12.02.2026 во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото“, се наведува во соопштението на МВР.
Дополнително, осомничениот се сомничи и за извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.
За случајот е известен јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
The post Уапсен 25-годишник од Старо Нагоричане, осомничен за убиство на 78-годишна жена appeared first on ПРВА ЛИНИЈА.
Уапсен 25-годишник од Старо Нагоричане, осомничен за убиство на 78-годишна жена

