Полицијата уапси 25-годишник од село Малотино во општина Старо Нагоричане,
осомничен за убиство на 78-годишна жителка на село Челопек, соопшти СВР
Куманово.
Според кумановската полиција, на 12 февруари осомничениот влегол во нејзиниот
дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
> „Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски
> службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.
> (25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил
> кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 12
> февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С. (78)
> од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото“,
>
> соопшти полицијата.
Исто така 25-годишниот Т.Б. се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка
кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.
Известен е јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно
документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Уапсен 25-годишник во Старо Нагоричане осомничен за убиство на 78-годишна жена

