Uncategorized

Уапсен е возач што синоќа усмртил пешак во селото Марино

blank

По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, возачот А.А. е приведен и задржан во Полициската станица Гази Баба, а возилото е одземено од страна на надлежните органи за вештачење

Сообраќајна несреќа со смртни последици се случила синоќа во скопското село Марино, општина Илинден, во која животот го загубил 52-годишен пешак.
Според информациите од СВР Скопје, несреќата била пријавена вчера во 23:20 часот. Настанот се случил на улицата „500“, кога патничко возило марка „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот А.А., удрило во пешакот О.М. (52). И возачот и жртвата биле жители на селото Марино.
„Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“,
се вели во полициското соопштение.
По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, возачот А.А. е приведен и задржан во Полициската станица Гази Баба, а возилото е одземено од страна на надлежните органи за вештачење.
Увидна екипа од СВР Скопје извршила целосен увид на местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Уапсен е возач што синоќа усмртил пешак во селото Марино appeared first on 360 степени.

Уапсен е возач што синоќа усмртил пешак во селото Марино


Уапсен е возач што синоќа усмртил пешак во селото Марино

Автори:

ПОВРЗАНО

🔴 ВО ЖИВО: Вонреден прес на премиерот Мицкоски за кризната состојба и цените

STREAMER.MK

📽️АВИОНИТЕ ПОЛЕТУВААТ И БЕЗ ПАТНИЦИ ЗА ДА НЕ СЕ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ Еден час затворен аеродром во Дубаи чини стотици милиони долари

STREAMER.MK

📽️ ХОРОР НА „ЕНФИЛД“, ФУДБАЛЕР ВРЕСКАШЕ ОД БОЛКА Ланг се здоби со страшна повреда, веднаш пренесен во болница

STREAMER.MK