Вчера (7.03.2026) во 20:10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода П.Б.(25) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека, додека се движеле со патничко моторно возило во Гостивар, физички ја нападнал неговата 53-годишна мајка, информира СВР Тетово. Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
The post Уапсен гостиварец заради физички напад врз неговата мајка appeared first on Gostivarpress.mk.

