Фудбалски натпревар во Куманово наместо спортска атмосфера, завршил со инцидент и насилство.
50-годишен тренер пријавил дека бил нападнат додека траел натпреварот на стадион во градот. Според неговото сведочење, зад нападот стојат 37-годишен маж и неговиот малолетен син, кој е дел од тимот како играч.
Инцидентот се случил пред присутните на стадионот, а засега не се соопштува дали тренерот се здобил со повреди.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
The post ТРЕНЕР НАПАДНАТ ОД ТАТКО И СИН Малолетен фудбалер учествувал во инцидентот на стадионот во Куманово appeared first on plusinfo.mk.
ТРЕНЕР НАПАДНАТ ОД ТАТКО И СИН Малолетен фудбалер учествувал во инцидентот на стадионот во Куманово

