СВЕТ

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

blank

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови. „Ќе ги удираме многу силно во текот на следната недела. Уништивме поголем дел од нивните ракети“, изјави денеска Трамп за „Фокс Њуз“. Трамп исто така рече дека кредибилитетот на новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ставен на тест по заканите од Техеран, пренесе ДПА. „Многу зборуваа, па сега тој ќе мора да се докаже“, рече Трамп, мислејќи на изјавите на иранските официјални лица. Хамнеи, во изјавата што вчера ја прочита спикерот на државната телевизија, повика на одмазда за жртвите во војната со Соединетите Американски Држави и Израел. Техеран, исто така, ќе продолжи да го користи Ормускиот теснец, витален воден пат за нафта и гас, како средство за притисок против своите непријатели, се вели во соопштението. МИА

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела


Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

ПОВРЗАНО

🛑ИСИС Уби Американци во Сирија: Трамп објави МНОГУ СЕРИОЗНА ОДМАЗДА

STREAMER.MK

🚨 ШОК НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Израел објави дека ајатолахот Хамнеи е мртов по масовен удар!

STREAMER.MK

📽️ХОРОР ВО УЧИЛИШТЕ: ШТО МУ ПРЕТХОДЕШЕ НА КРВАВИОТ НАПАД?

STREAMER.MK