Македонскиот пејач Спасен Силјановски сподели тажна вест со своите следбеници на социјалните мрежи – почина неговиот татко, човекот за кого вели дека бил негов најголем учител и најдобар другар. Во емотивна порака, Силјановски се прости од својот татко со зборови полни љубов и благодарност. „Денес Бог ми го зеде најдобриот другар. Човекот кој што ме научи сè во животот. Човекот кој пред сè ме научи што значи чест, морал и достоинство. Татичко, не знам дали уште еднаш ќе можам да запеам песна како што тоа го правевме заедно. Ќе ми фали твојот глас, твојата поддршка, твојата љубов. Почивај во мир“, напиша пејачот. Неговата објава предизвика бројни реакции и пораки со сочувство од пријатели, колеги и обожаватели, кои му упатија зборови на поддршка во овие тешки моменти. Според информациите што ги сподели Силјановски, погребот ќе се одржи утре (понеделник) во селото Пополжани, со почеток во 12:00 часот. Многумина му посакаа сила на пејачот и неговото семејство да ја пребродат оваа голема загуба, потсетувајќи дека спомените и љубовта кон најблиските остануваат засекогаш.
Тага во семејството на Спасен Силјановски: „Денес Бог ми го зеде најдобриот другар“

