ХРОНИКА

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено во зимски услови, нема застој на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, на некои места по
влажни коловози. Како што информираат од АМСМ намалена видливост поради појава
на магла до 30 метри има во околината на Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е
умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за
влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената
сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на
патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава
на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар –
Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2025 година, од АМСМ потсетуваат дека започна законската обврска за
задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната
временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено во зимски услови, нема застој на граничните премини


ПОВРЗАНО

🚨 НОЌНА РАЦИЈА! Еве во кој локал „ПАДНАА“ девојки со сомнителен престој !

STREAMER.MK

🔴 ОДМАЗДА ПОДГОТВУВАНА ВО СКОПЈЕ: ОРУЖЈЕ, БОМБА И ТАЈНА ЌЕЛИЈА

STREAMER.MK

📽️ 📷 ЕКСПЛОЗИЈА ВО РИМ Плинска боца урна зграда, две лица сериозно повредени

STREAMER.MK