Во услови на длабока внатрешно – политичка криза и по два тешки изборни порази, СДСМ влегува во нов обид за рестартирање на партијата. Се најавува нов конгрес.
Во меѓувреме наместо консолидација, партијата долг период се соочува со внатрешни поделби и отворени судири со поранешни функционери. Се погласно се бара и оставка на првиот социјалдемократ Венко Филипче.
Паралелно, најавен е и меѓународен состанок „Скопска иницијатива”, на кој СДСМ со сестринските партии од регионот ќе потпише заедничка платформа за борба против корупцијата, авторитарните режими и за европска интеграција.
Дали новата програма ќе биде доволна за да се надминат големите внатрепартиски проблеми останува да се види.
The post СДСМ закажа конгрес за 7 јуни, дали новата програма ќе ги покрие големите внатрепартиски проблеми? appeared first on Прва Скопска ТВ.
СДСМ закажа конгрес за 7 јуни, дали новата програма ќе ги покрие големите внатрепартиски проблеми?

