ЕКОНОМИЈА

СДСМ: Бизнис комбинации на ВМРО и СНС преку „Руднап“ и Адамовиќ до проектот „Белград на вода“

Published: Sunday, March 15, 2026 17:30 Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) ја објави бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката, која се поврзува со регионални бизнис интереси, офшор компании и влијателни економски проекти во регионот. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, истакна дека оваа мрежа започнува од Душан Адамовиќ, лице кое Мицкоски го назначил за почесен конзул во Србија. > Започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ. > Мицкоски го назначи за почесен конзул во Србија, а 15 дена бегаше од одговор > за неговата поврзаност, рече Фрчкоски. Тој посочи дека токму преку оваа линија се отвораат врските со енергетскиот холдинг „Руднап“. > Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до > офшор компанијата од Кипар, од каде почнува одмотувањето на ова > бизнис-енергетско клопче. Од офшор структурата на Кипар е компанијата „Altaria > Research Limited“, која води до „Rudnap Group“, енергетски холдинг на српскиот > бизнисмен Војин Лазаревиќ. Врската со Владата на Мицкоски е директна. Тука > Мицкоски има уште еден свој човек – министерката за енергетика Сања > Божиновска, која се поврзува директно со „Руднап“. Била извршен директор во > „Руднап Груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје, нагласи Фрчкоски. Мрежата во Србија продолжува. Адамовиќ е партнер со „Руднап“, каде сопственик е Војин Лазаревиќ. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. За таков сличен проект „Скопје на вода“ се зборуваше во Македонија. Но за овој сегмент од мрежата ќе откриваме понатаму. Оваа мрежа допрва ќе се одмотува. Дали сега е јасно зошто на ВМРО-ОКГ им смета кога ги споменуваме СНС и Вучиќ, посочи членоит на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски.

СДСМ: Бизнис комбинации на ВМРО и СНС преку „Руднап“ и Адамовиќ до проектот „Белград на вода“


СДСМ: Бизнис комбинации на ВМРО и СНС преку „Руднап“ и Адамовиќ до проектот „Белград на вода“

ПОВРЗАНО

📽️ МАКЕДОНСКО-СРПСКИ БИЗНИС ФОРУМ ВО СКОПЈЕ Стоилковиќ и Месаровиќ најавија нови инвестиции и економска соработка

STREAMER.MK

📽️ КОЈ БРОЈ ГО ГЛЕДАТЕ НА ОВАА СЛИКА? Оптичка илузија што збуни милиони тиктокери

STREAMER.MK

📽️ КИНЕСКА КОМПАНИЈА ПОДЕЛИ БОНУСИ НА НЕВООБИЧАЕН НАЧИН Парите беа поставени на 800 маси, а работниците земаа кој колку може да изброи

STREAMER.MK