Uncategorized

САД бараат сојузници: Рубио ќе ги убедува министрите на Г7 за политиката кон Иран

blank

Американскиот државен секретар Марко Рубио оваа недела ќе отпатува во Франција каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во близина на Париз.
Главната цел на посетата е да ги убеди сојузниците во оправданоста на американската воена стратегија кон Иран, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, пренесе МИА.
Според соопштението, на состанокот ќе се разговара за клучни глобални прашања, меѓу кои војната меѓу Русија и Украина, безбедносните предизвици во регионот на Блискиот Исток, како и пошироките закани за светската стабилност.
Во меѓувреме, претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека имало контакти меѓу американски и ирански претставници, тврдење што официјален Техеран го демантираше.
Повеќето членки на Г7, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Италија и Јапонија, засега остануваат резервирани кон воената операција на САД и Израел против Иран и не покажуваат подготвеност да се приклучат.
The post САД бараат сојузници: Рубио ќе ги убедува министрите на Г7 за политиката кон Иран appeared first on Нова Македонија.

САД бараат сојузници: Рубио ќе ги убедува министрите на Г7 за политиката кон Иран


САД бараат сојузници: Рубио ќе ги убедува министрите на Г7 за политиката кон Иран

Автори:

ПОВРЗАНО

🔴 ВО ЖИВО: Вонреден прес на премиерот Мицкоски за кризната состојба и цените

STREAMER.MK

📽️АВИОНИТЕ ПОЛЕТУВААТ И БЕЗ ПАТНИЦИ ЗА ДА НЕ СЕ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ Еден час затворен аеродром во Дубаи чини стотици милиони долари

STREAMER.MK

📽️ ХОРОР НА „ЕНФИЛД“, ФУДБАЛЕР ВРЕСКАШЕ ОД БОЛКА Ланг се здоби со страшна повреда, веднаш пренесен во болница

STREAMER.MK