БИТОЛА

Ротаракт клубот Широк Сокак Битола организира панел-дискусија „Балансот почнува од тироидната жлезда“

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Ротаракт клуб Широк Сокак Битола месец март го посветува на подигнување на свеста за женското здравје преку организирање на низа едукативни настани и активности.
Во рамки на овие активности, клубот организира панел-дискусија со д-р Лилјана Тодоровска на тема „Балансот почнува од тироидната жлезда“, на која ќе се говори за значењето на тироидната жлезда, нејзината улога во хормоналниот баланс и влијанието врз целокупното здравје на жената.
Настанот ќе се одржи на 12 март 2026 година (четврток) со почеток во 18:00 часот во хотел Милениум во Битола.
Од Ротаракт клуб Широк Сокак Битола ги покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот, да слушнат корисни совети од стручно лице и да се информираат повеќе за важноста од грижата за женското здравје.
Фото: Ротаракт клуб Широк Сокак Битола

https://setaliste.mk/%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%ba%d1%82-%d0%ba%d0%bb%d1%83%d0%b1%d0%be%d1%82-%d1%88%d0%b8%d1%80%d0%be%d0%ba-%d1%81%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%ba-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d0%be%d1%80/
Ротаракт клубот Широк Сокак Битола организира панел-дискусија „Балансот почнува од тироидната жлезда“

ПОВРЗАНО

Центарот за Култура – Битола со над 300 настани во 2025 година

STREAMER.MK

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

STREAMER.MK

ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 33. по ред забава, “Којотите“ со најава за гостување во Лисабон (фотогалерија)

STREAMER.MK