Uncategorized

Работнички убедлив против Ангели во Градски Парк!(ФОТО)

blank

Вечерва во новата сала “Лазар Лечиќ“ во Градски Парк, во првиот меч од 20.коло од нашата елитна кошаркарска лига, Работнички со 107:67 успеа да го победи составот на Ангели.
Ова беше осма победа за Работнички а 12-ти пораз за гостите во досегашниот дел од првенството.
Се очекуваше победа на Работнички, и така домашните беа фаворити, но сепак можеби не така убедлива, со постигнати повеќе од 100 поени.
Домашните уште во “првото“ полувреме го решија прашањето околу победникот ако се знае дека првите две четвртини ги добија со 30:16 и 35:14. Во продолжение од средбата тоа беше само рутинско одработување на задачата. Кошаркарите на Ангели колку и да се трудеа, сепак немаа сила да му се спротистават на расположениот домашен тим кој кога игра во својата сала е некоја друга песна.
Ефремовски со 26 поени и вечерва беше најефикасен кај Работнички, Рикиќ запиша 20 поени. Додека кај гостите Ренг запиша 16 поени.

The post Работнички убедлив против Ангели во Градски Парк!(ФОТО) appeared first on sportsport.mk.

Работнички убедлив против Ангели во Градски Парк!(ФОТО)


Работнички убедлив против Ангели во Градски Парк!(ФОТО)

Автори:

ПОВРЗАНО

🔴 ВО ЖИВО: Вонреден прес на премиерот Мицкоски за кризната состојба и цените

STREAMER.MK

📽️АВИОНИТЕ ПОЛЕТУВААТ И БЕЗ ПАТНИЦИ ЗА ДА НЕ СЕ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ Еден час затворен аеродром во Дубаи чини стотици милиони долари

STREAMER.MK

📽️ ХОРОР НА „ЕНФИЛД“, ФУДБАЛЕР ВРЕСКАШЕ ОД БОЛКА Ланг се здоби со страшна повреда, веднаш пренесен во болница

STREAMER.MK