„Тој нема многу време. Дај Боже и да нема многу време“.
Вака изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција алудирајќи на возраста на 73-годишниот руски претседател Владимир Путин и на притисокот за потпишување на мир за крај на војната во Украина.
Зеленски испрати јасна порака дека Киев нема да прифати територијални отстапки како цена за мир.
– Се согласивме на бројни компромиси. Путин и неговите соработници не се во затвор. Ова е најголемиот компромис што светот го направил досега – рече Зеленски.
Тој нагласи дека Украина не може да заборави колку луѓе биле убиени во војната, но додаде дека Киев е подготвен да го заврши конфликтот во секое време.
Според Зеленски, рускиот претседател Владимир Путин не покажува искрен интерес за прекин на војната.
– Не верувам дека сакаат да ја сопрат војната. Верувам дека можат да го сторат тоа под притисок, но додека притисокот не е доволен, тие само се поиграваат – изјави тој велејќи дека Путин ќе ја запре војната ако е под вистински притисок.
Зеленски оцени дека само Соединетите Држави можат да извршат доволен притисок врз Москва.
– Да бидеме искрени, денес само Украина ја брани Европа. Денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин – рече тој.
Во исто време изрази загриженост дека од Вашингтон доаѓаат сигнали дека само Украина треба да направи компромис.
– Не мислам дека тоа е правилна позиција. Секако, така е поедноставно – истакна Зеленски.
The post ПУТИН НЕМА БАШ МНОГУ ВРЕМЕ Зеленски не дава територија, ja префрла топката кон Кремљ appeared first on plusinfo.mk.
ПУТИН НЕМА БАШ МНОГУ ВРЕМЕ Зеленски не дава територија, ja префрла топката кон Кремљ

