РЕПУБЛИКА

ПРОФЕСОРИТЕ ПРОТИВ, МИНИСТЕРКАТА ОДЛУЧНА: ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ОДИ ПОНАТАМУ

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, порача дека предложениот Закон за високо образование нема да биде повлечен и дека по едногодишната работа на експертската група, наскоро ќе се најде во владина процедура. Според Јаневска, дел од критиките кои доаѓаат од одредени универзитетски професори се поврзани со страв од новите, повисоки критериуми што ги предвидува законот за напредување во академските звања. Таа нагласи дека академската заедница има две можности – или сериозно да се посвети на научно-истражувачката работа за да ги исполни новите стандарди, или да остане подолго време во постојното звање додека не биде подготвена за следното. Според неа, новите правила не им одземаат ништо на професорите, туку само поставуваат појасни критериуми за напредок. Министерката истакна дека дел од забелешките доставени за предлог-законот биле прифатени, особено оние што биле оценети како конструктивни. Сепак, не биле прифатени забелешките што се однесуваат на отчетноста на универзитетите кон државата и надлежностите на Националниот совет, бидејќи, како што рече, тие не биле оправдани. Предложените измени во Законот за високо образование веќе предизвикаа поделени реакции во јавноста. Дел од универзитетските професори предупредуваат дека новите решенија може да ја нарушат автономијата на универзитетите и да создадат услови за непотизам. Тие сметаат дека со проширувањето на овластувањата на ректорите и деканите се намалува колективниот начин на управување во академските институции. Критики пристигнаа и од опозициските партии. Од СДСМ побараа повлекување на предлог-законот, оценувајќи дека наместо да го подобри квалитетот на високото образование, тој може да доведе до зголемено влијание на Владата врз универзитетите. Од Левица, пак, предупредуваат дека зголемените критериуми за избор во наставно-научни звања би можеле да создадат дополнителни финансиски бариери за младите научници. Според нив, објавувањето трудови во научни списанија со импакт фактор често чини значителни средства, што може да ги стави во неповолна положба оние што немаат финансиска поддршка. И покрај реакциите, од Министерството за образование остануваат на ставот дека реформите се неопходни за подобрување на квалитетот и конкурентноста на високото образование во земјата.

ПРОФЕСОРИТЕ ПРОТИВ, МИНИСТЕРКАТА ОДЛУЧНА: ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ОДИ ПОНАТАМУ


ПРОФЕСОРИТЕ ПРОТИВ, МИНИСТЕРКАТА ОДЛУЧНА: ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ОДИ ПОНАТАМУ

ПОВРЗАНО

🚨 ВОДАТА НАДВЛАДЕА – СЛУЖБИТЕ ВО ТРКА СО ВРЕМЕТО

STREAMER.MK

📷 СРДЕЧЕН ПРЕЧЕК И ПАРЧЕ ТОРТА ЗА СЛАДОК ПОЧЕТОК НА МАНДАТОТ НА ЈОВАНОВСКИ Дехари по 12 години го напушти кормилото на Кичево

STREAMER.MK

📷 СЕ ЧИСТИ КРАЈБРЕЖЈЕТО НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ Општина Велес и Владата работат на долгорочен план за спас

STREAMER.MK