КУЛТУРА

„Приказната за Силјан“ урива рекорди на гледаност

„Кино Балкан“ почна да дистрибуира македонски филмови

Во изминатиот период „Кино Балкан“ активно го дистрибуира филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. Филмот имаше проекции во повеќе од 15 града во Македонија и урива рекорди, како по бројот на гледачи така и по бројот на локациите каде што е прикажан.

Она што се издвојува од оваа дистрибуција се активниот пристап и откривањето нови региони и културни центри, овозможувајќи филмот да допре до секој гледач, до секое ќоше, овозможувајќи оваа исклучителна приказна да ја доживее секој жител на земјава. Во иднина се планирани и организирани проекции за основни и средни училишта низ државата, активно воведувајќи го филмското дело како дел од образовниот систем, пракса што е широко застапена во европските земји.

Време е македонскиот филм да го добие вистинското место во киносалите низ Македонија и да добие вистински третман. Време е македонскиот филм да ѝ се врати на македонската публика.

„Приказната за Силјан“ урива рекорди на гледаност


ПОВРЗАНО

📽️ ШИМПАНЗОТО КОКО ПРОСЛАВИ 30. РОДЕНДЕН ВО ЗОО СКОПЈЕ Доби здрава торта од својата негувателка

STREAMER.MK

📽️ ФИЛМОТ ЗА ПУТИН СО ЏУД ЛО НЕ ЈА ВОЗБУДУВА МОСКВА „Волшебникот од Кремљ“ ќе се прикажува и во Кремљ?

STREAMER.MK

📽️ СЕДМО МЕСТО ЗА МАКЕДОНИЈА, ПОБЕДА ЗА ФРАНЦИЈА Нела Манческа го импресионираше жирито на детската Евровизија

STREAMER.MK