СКОПЈЕ

Посебен сообраќаен режим во Скопје

blank

Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот е воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска”, лево по улица „Александар Урдаревски”, лево по улица „Боца Иванова” и десно до влезот на гробиштата Бутел. За излез, возилата ќе се движат десно по улица „Боца Иванова”, до кружниот тек на улица „Бутелска”, па лево по улица „Бутелска” и десно по улица „Кемал Сејфула”.

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Посебен сообраќаен режим во Скопје


blank

ПОВРЗАНО

🟢 СКОПЈЕ ДОБИВА НОВО ЛИЦЕ: 100 ЕКОАВТОБУСИ

STREAMER.MK

📽️ СКОПЈЕ ПОВТОРНО ЌЕ ЗАСВЕТИ НА 15 ДЕКЕМВРИ Ѓорѓиевски ги повика скопјани и вети шоу за сите генерации

STREAMER.MK

📽️ СКОПЈЕ И ЧАИР СЕ БУДАТ БЕЗ ЃУБРЕ Меџити најави ново поглавје, градот ќе биде гордост на граѓаните

STREAMER.MK