ЕКОНОМИЈА

Пешевски: „Гладот го победи стравот – со 26.000 денари минимална плата не се живее“

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски, преку јавна објава се осврна на работничкиот протест, посочувајќи дека незадоволството на работниците расте поради ниската минимална плата и тешките услови за живот. Според Пешевски, работниците на протестот испратиле јасна порака дека со минимална плата од 26.000 денари не може да се обезбеди пристоен живот. Тој истакнува дека работниците не излегле на улица за симболична прошетка, туку за да им укажат на властите и работодавачите дека со празни фрижидери не може да се очекува продуктивна работна сила. „За да го помине месецот како човек, на еден работник му се потребни околу 64.000 денари, а реално добива трипати помалку“, наведува Пешевски. Тој посочува и дека дел од работниците не се појавиле на протестот поради, како што вели, притисоци и закани на работните места. Според него, постоеле предупредувања дека работниците ќе бидат снимани, следени или дека би можеле да се соочат со отказ или деградирање. Пешевски оценува дека стравот кај работниците постепено исчезнува и предупредува дека доколку не се преземат мерки, незадоволството дополнително ќе расте. Во својата објава тој додава дека работниците не се водат од партиски етикети, туку од потребата за подобар животен стандард, нагласувајќи дека нивната борба е за достоинствена работа и почитување на трудот. Од СГИП бараат во најкус можен рок минималната плата да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за 6.000 денари. Според Пешевски, тоа е неопходен чекор за подобрување на животниот стандард на работниците и за стабилност на економијата.

https://antropol.mk/2026/03/15/pes-glad-go-pob-str/
Пешевски: „Гладот го победи стравот – со 26.000 денари минимална плата не се живее“

ПОВРЗАНО

📽️ МАКЕДОНСКО-СРПСКИ БИЗНИС ФОРУМ ВО СКОПЈЕ Стоилковиќ и Месаровиќ најавија нови инвестиции и економска соработка

STREAMER.MK

📽️ КОЈ БРОЈ ГО ГЛЕДАТЕ НА ОВАА СЛИКА? Оптичка илузија што збуни милиони тиктокери

STREAMER.MK

📽️ КИНЕСКА КОМПАНИЈА ПОДЕЛИ БОНУСИ НА НЕВООБИЧАЕН НАЧИН Парите беа поставени на 800 маси, а работниците земаа кој колку може да изброи

STREAMER.MK