БИТОЛА

Општина Битола: следната сезона домот на Копанки ќе ги отвори вратите за посетителите

Во кабинетот на градоначалникот на Битола денеска се одржа координативен состанок за завршување на изградбата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.
Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски ја одржаа оваа координација со претседателот на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, Диме Попов, Гоце Стојаноски директор на фирмата изведувач на градежните работи „Стентон градба“ фирма ангажирана од ПСК „Пелистер“, кој исто така го ангажира и надзорот над изведбата и директрот на ЕСМ Молика, Горан Исков.
Беше кажано дека 90 проценти од бетонско-армирачките работи и кровот се завршени, а остануваат да се работат дел од фазите архитектура, водовод, канализација и електрика.
Планот е домот да биде завршен во октомври оваа година, по што ќе остане само опремувањето на собите ( хотелскиот дел ), што ќе се случи во текот 2027 година.
ЕСМ Молика, годинава го промовираше и ноќното осветлување на скијачките терени, а во континуитет работат на осовременување на ски терените на Копанки и имаат одлична соработка и со планинарскиот клуб и со Општина Битола, со цел битолчани и другите љубители на планината и зимските спортови да имаат убави места за рекреација.
Општината ја истакна својата голема посветенот и поддршка во реализацијата на изградбата на домот.

The post Општина Битола: следната сезона домот на Копанки ќе ги отвори вратите за посетителите first appeared on Bitola News.

Општина Битола: следната сезона домот на Копанки ќе ги отвори вратите за посетителите


Општина Битола: следната сезона домот на Копанки ќе ги отвори вратите за посетителите

ПОВРЗАНО

Центарот за Култура – Битола со над 300 настани во 2025 година

STREAMER.MK

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

STREAMER.MK

ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 33. по ред забава, “Којотите“ со најава за гостување во Лисабон (фотогалерија)

STREAMER.MK