Регулаторната комисија за енергетика утре (понеделник) ќе донесе нова одлука за цените на бензинот и дизелот во Македонија. Новите цени обично се соопштуваат околу пладне и стапуваат на сила од полноќ. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар) Масло за горење Мазут М-1 НС – 82,50 (денари/литар) Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 42,586 (денари/килограм) Минатата недела имаше големо поскапување: бензините се зголемија за околу 5 денари по литар, дизелот поскапе за 14,5 денари по литар.

