ЕКОНОМИЈА

Мицкоски пред три дена ги понуди бензините на граѓаните од соседните земји, сега се жали дека вршеле притисок

На 11 март, во Стопанската комора, премиерот Христијан Мицкоски рече: „Еве, нашите ресурси се ставени на располагање на соседните држави и на граѓаните од соседните држави за поевтина цена да полнат гориво“. Вчера, на 13 март во Кочани изјави: „Сега верувајте дека имаме жесток притисок од граѓаните од соседните држави во пограничните места на југ, на запад и на север, каде што доаѓаат да полнат гориво, бидејќи за 30, 40, 50 центи по литар е поевтино кај нас отколку кај нив“. Што очекуваше Христијан Мицкоски? Дека ќе рачат „нека фала, ќе си точиме ние поскап бензин“. Нормално дека ќе доаѓаат во Македонија да полнат поевтино гориво. Но, поентата не е во тоа. Реакцијата на граѓаните од соседните земји е логична економска, домаќинска постапка. Она што нема никаква логика е да се одлагаат мерките кога е јасно дека војната во Персискиот залив и на Блискиот исток ќе потрае, а притисокот од таму, освена безбедносно-хуманитарен, е главно економско-енрегетски. Затоа нема никаква логика политиките за цените на бензините да се спроведуваат како да нема војна и да се остави само на одлуките на Републичката комисија за енергетика вообичаени за мирнодопски времиња. А тие веќе не се такви, иако формално нема вонредна состојба.

Мицкоски пред три дена ги понуди бензините на граѓаните од соседните земји, сега се жали дека вршеле притисок


Мицкоски пред три дена ги понуди бензините на граѓаните од соседните земји, сега се жали дека вршеле притисок

ПОВРЗАНО

📽️ МАКЕДОНСКО-СРПСКИ БИЗНИС ФОРУМ ВО СКОПЈЕ Стоилковиќ и Месаровиќ најавија нови инвестиции и економска соработка

STREAMER.MK

📽️ КОЈ БРОЈ ГО ГЛЕДАТЕ НА ОВАА СЛИКА? Оптичка илузија што збуни милиони тиктокери

STREAMER.MK

📽️ КИНЕСКА КОМПАНИЈА ПОДЕЛИ БОНУСИ НА НЕВООБИЧАЕН НАЧИН Парите беа поставени на 800 маси, а работниците земаа кој колку може да изброи

STREAMER.MK