Uncategorized

Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо, порача Мицкоски

blank

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата.
Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти и споредено со првите пет дена од претходната недела, сега, оваа недела, се втор ден пониски. Ако вака продолжат до петок, во понеделник, оцени, ќе има дури и намалување на цената на горивата.
– Да ги почекаме трошоците за живот. Ние интервенираме директно од Буџетот и сме една од ретките земји што тоа го прави. Има држави што прават привид, ги качуваат акцизите, тоа е товар директно на горивото за 100 – 200 отсто, па намалуваат 50 отсто. Не, ние директно данокот го намалуваме, тоа што го собира државата. Покажуваме дека оваа Влада се грижи  за граѓаните директно од Буџетот, а не со трикови – ќе ги качиме акцизите двојно, па потоа ќе ги намалиме за 20 – 30 проценти. Тоа е разликата меѓу одговорна Влада и влади кои прават привид. Ние сме една од ретките, можеби има уште две-три во Европа кои вака интервенираат – потенцира Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот суд.
The post Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо, порача Мицкоски appeared first on Нова Македонија.

Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо, порача Мицкоски


Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо, порача Мицкоски

Автори:

ПОВРЗАНО

🔴 ВО ЖИВО: Вонреден прес на премиерот Мицкоски за кризната состојба и цените

STREAMER.MK

📽️АВИОНИТЕ ПОЛЕТУВААТ И БЕЗ ПАТНИЦИ ЗА ДА НЕ СЕ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ Еден час затворен аеродром во Дубаи чини стотици милиони долари

STREAMER.MK

📽️ ХОРОР НА „ЕНФИЛД“, ФУДБАЛЕР ВРЕСКАШЕ ОД БОЛКА Ланг се здоби со страшна повреда, веднаш пренесен во болница

STREAMER.MK