МАКЕДОНИЈА

Кочани вечерва нема да спие: Собир во 02:15 часот пред „Пулс“

Published: Sunday, March 15, 2026 17:43 Утре се навршува една година од трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани во која живот го загубија 63, а беа повредени над 200 лица. Несреќата се случи во раните утрински часови на 16. март. Од Здружението на граѓани „16 март 2025“, вечерва во 02:15 часот организираат собир. -Вечерва се собираме пред поранешната дискотека “Пулс“ во тивко сеќавање и почит. Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе оддадеме почит со минута молк. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува, информираа од здружението на Фејсбук. Овие два дена со различни настани се обележува годишнината од трагедијата. Пред „Пулс“ во Кочани се поставени 63 срца со имињата на жртвите од трагедијата.

Кочани вечерва нема да спие: Собир во 02:15 часот пред „Пулс“


Кочани вечерва нема да спие: Собир во 02:15 часот пред „Пулс“

ПОВРЗАНО

🟥 ШОК! ВМРО-ДПМНЕ АЛАРМИРА: „КЛАНОТ ЗАЕВ“ ДОБИЛ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ИПАРД – НИКОЛОВСКИ НАВОДНО „ВОЗВРАЌАЛ УСЛУГИ“?!

STREAMER.MK

🛑Филипче уште збор не изговорил, а демантот веќе е подготвен – класика од политичката сцена

STREAMER.MK

🛑СТОП ЗА ССО И РОДОВО-СЕНЗИТИВНИ КОНЦЕПТИ: Родителите бараат Јаневска да не ги повтори грешките на Царовска

STREAMER.MK