Воената локација Али ал Салем во Кувајт, каде се распоредени единици на американските и италијанските вооружени сили, рано утринава беше цел на напад од иранско беспилотно летало. Леталото без екипаж погоди складиште и уништи беспилотно летало кое припаѓаше на италијанското воено воздухопловство. Според Министерството за одбрана на Италија, во инцидентот не биле повредени припадници на војската. „Не постои никаков ризик ниту пак предизвик за нашите војници. Кувајт претставува иранска воена цел поради присуството на американски воени објекти. Нема да дозволиме да бидеме застрашени, ќе продолжиме да ги исполнуваме преземените меѓународни обврски“, изјави министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани. Прилог: Фотографија од Google Maps. Извор: МИА

