ЕКОНОМИЈА

Инвестициските фондови управуваат со 498 милиони евра – јануари со раст од 4,26 насто

На последниот ден од јануари нето-вредноста на отворените инвестициски фондови
изнесувала 30.624.965.195,53 денари, односно 497,96 милиони евра. Во текот на
месецот е забележана позитивна промена од 4,26 насто во споредба со
декемвриската состојба од 477,6 милиони евра.

Вкупниот прилив на средства, според податоците од јануарскиот извештај на
Комисијата за хартии од вредност, се зголемиле за 39,94 насто. Станува збор за
сума од 62,04 милиони евра. За споредба, во декември имало приливи од 44,33
милиони евра.

Паралелно со тоа, раст бележат и одливите на средства – за 59,77 насто, при што
износот достигнал 49,44 милиони евра (30,95 милиони евра – декември).

Од овие движења произлегла позитивна нето-разлика од 12,6 милиони евра.

Инвестициските фондови управуваат со 498 милиони евра – јануари со раст од 4,26 насто


ПОВРЗАНО

📽️ МАКЕДОНСКО-СРПСКИ БИЗНИС ФОРУМ ВО СКОПЈЕ Стоилковиќ и Месаровиќ најавија нови инвестиции и економска соработка

STREAMER.MK

📽️ КОЈ БРОЈ ГО ГЛЕДАТЕ НА ОВАА СЛИКА? Оптичка илузија што збуни милиони тиктокери

STREAMER.MK

📽️ КИНЕСКА КОМПАНИЈА ПОДЕЛИ БОНУСИ НА НЕВООБИЧАЕН НАЧИН Парите беа поставени на 800 маси, а работниците земаа кој колку може да изброи

STREAMER.MK