На 09.03.2026 во 15:50 часот во СВР Битола, 80-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати.
Како што е пријавено, откако се договориле, ги дала парите на лице позади зградата во која живее, а подоцна сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
https://setaliste.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%bc%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b0-80-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%88%d0%bd%d0%b0-%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0/
