СВЕТ

Зеленски: ЕУ врши притисок врз Украина за повторно отворање на нафтоводот Дружба

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги обвини европските сојузници дека вршат притисок врз Киев за повторно да го активираат нафтоводот „Дружба“, кој служи за транспорт на руска нафта кон Унгарија и Словачка. Киев тврди дека нафтоводот „Дружба“, кој поминува низ територијата на Украина, претрпел оштетувања при руски напад во јануари и сè уште не е саниран. „Повторното пуштање во употреба на руска нафта преку Украина кон Европската Унија е рамно на укинување на економските рестрикции кон Москва“, нагласи Зеленски. ЕУ побара од Зеленски брзо да го санира нафтоводот „Дружба“ и да прифати присуство на меѓународни експерти кои би ја процениле настанатата штета. Украинскиот претседател истакна дека е против транзит на руска нафта преку Украина, особено додека ЕУ забранува нејзина продажба. „Или продаваме руска нафта, или не. Зошто ЕУ ме принудува да ја вратам „Дружба“? Како се разликува тоа од укинување на санкциите за Русите? Зошто во еден случај можеме да им кажеме на САД дека сме против укинување на санкциите, а во друг случај да ја принудуваме Украина да го продолжи транзитот на нафта преку „Дружба“?“, праша Зеленски. Тој го оцени ова условување, односно барањето за отворање на нафтоводот „Дружба“ под закана дека Украина нема да добие оружје, како акт на уцена. Унгарија е зависна од руската нафта, поради што Будимпешта ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија, како и заемот од 90 милијарди евра од Унијата за Киев. Претходно, САД воведоа 30-дневна суспензија на санкциите за увоз на руска нафта. Зеленски посочи дека укинувањето на санкциите кон Русија нема да му помогне на светот, туку исклучиво на Москва. Извор: МИА

Зеленски: ЕУ врши притисок врз Украина за повторно отворање на нафтоводот Дружба


Зеленски: ЕУ врши притисок врз Украина за повторно отворање на нафтоводот Дружба

ПОВРЗАНО

🛑ИСИС Уби Американци во Сирија: Трамп објави МНОГУ СЕРИОЗНА ОДМАЗДА

STREAMER.MK

🚨 ШОК НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Израел објави дека ајатолахот Хамнеи е мртов по масовен удар!

STREAMER.MK

📽️ХОРОР ВО УЧИЛИШТЕ: ШТО МУ ПРЕТХОДЕШЕ НА КРВАВИОТ НАПАД?

STREAMER.MK