БИТОЛА

Зголемени водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река

Поради врнежите од дожд и снег,во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во општина Кратово, поради повремени врнежи од дожд, зголемено е нивото на Кратовска и на Крива Река, без излевање.
Во општина Новаци нивото на Црна Река изнесува приближно 280 сантиметри, а во општина Демир Хисар зголемен е водостојот на реката Црна, без значителни излевања.
– Во Кичево евидентирани се 250 евакуирани лица, односно 63 семејства, на кои им се обезбедуваат храна, вода и неопходна поддршка. Екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на речното корито на Зајашка Река, како и на чистење на канализациската мрежа. ТППЕ врши испумпување вода од подруми на повеќе улици по пријави од жители – се наведува во соопштението од ЦУК.  
 
 
 
Фото/извор: МИА

https://setaliste.mk/%d0%b7%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%b1%d0%b8%d1%82/
Зголемени водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река

ПОВРЗАНО

Центарот за Култура – Битола со над 300 настани во 2025 година

STREAMER.MK

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

STREAMER.MK

ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 33. по ред забава, “Којотите“ со најава за гостување во Лисабон (фотогалерија)

STREAMER.MK