Uncategorized

Замина ракометната леворака легенда Васил Брезовски

blank

Брезовски беше еден од најдобрите ракометари на Работнички кога клубот се натпреваруваше во југословенската прва лига. Играше во златната генерација на македонскиот ракомет
Ракометниот свет во Македонија се прости со уште една своја легенда. На 83-годишна возраст замина Васил Брезовски (Васе Брезо), еден од врвните играчи на ракометниот клуб Работнички од почетокот на шеесеттите години од минатиот век.
Брезовски ѝ припаѓа на златната генерација, која го промовираше и ги создаваше темелите на ракометот, кој подоцна прерасна во национален спорт број еден во Македонија. Меѓу другите таму беа браќата Славко и Никола Матовски, Миле Кратовалиев, Бошко Загорац, Теофил Томановиќ, голманот Жарко Ѓукиќ, Драган Геровски… Во текот на 1960-тите години повеќепати бил прогласуван за најдобар ракометар и спортист на годината во изборите на весникот „Вечер“. Како изразит леворак играч, останува запаметен како едно од најдобрите десни крила во историјата на македонскиот ракомет.
Н.М.
The post Замина ракометната леворака легенда Васил Брезовски appeared first on Нова Македонија.

Замина ракометната леворака легенда Васил Брезовски


Замина ракометната леворака легенда Васил Брезовски

Автори:

ПОВРЗАНО

🔴 ВО ЖИВО: Вонреден прес на премиерот Мицкоски за кризната состојба и цените

STREAMER.MK

📽️АВИОНИТЕ ПОЛЕТУВААТ И БЕЗ ПАТНИЦИ ЗА ДА НЕ СЕ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ Еден час затворен аеродром во Дубаи чини стотици милиони долари

STREAMER.MK

📽️ ХОРОР НА „ЕНФИЛД“, ФУДБАЛЕР ВРЕСКАШЕ ОД БОЛКА Ланг се здоби со страшна повреда, веднаш пренесен во болница

STREAMER.MK